462
Обвинетиот екс премиер, Никола Груевски, доби адвокат по службена должност откако неговата одбрана се откажа да го брани. На денешното рочиште за уривањето на комплексот „Комос“, судијата Огнен Ставрев му го додели Мухамед Сефери како адвокат на Груевски, кој ќе го застапува во овој предмет додека тој е во бегство во Унгарија.
Адвокатот по службена должност го плаќа државата по цена од 1.500 денари од рочиште за кривична постапка.