Никола Груевски денеска беше виден и слушнат во судница, во Кривичниот суд на рочиштето за случајот „Тортура“, но не во живо, туку на снимка која беше емитувана како доказ.
Поточно, СЈО како доказ достави и снимка од вестите на МТВ кои биле емитувани на 6 јуни 2011 година, на кои прва вест било апсењето на Љубе Бошкоски, а втора победата на ВМРО-ДПМНЕ на тогашните парламентарни избори. Еден од новинарските прилози беше и за пуштање во употреба на базен во Скопје, настан на кој се разбира присуствувал и тогашниот премиер Груевски, поради што на кратко се појави во судница.
Груевски се појавил и на вестите емитувани наредниот ден, бидејќи присуствувал на камен темелникот на комплексот „Македонско село“, во Нерези.
Додека течеше прилогот, обвинетиот Мијалков внимателно ја гледаше снимката и слушаше што зборува неговиот братучед Груевски.
Груевски веќе еден месец е бегство во Унгарија.
Денешното рочиште за „Тортура“ продолжува со изведување на видео снимки, предложени од СЈО, а на кои се гледа апсењето на Бошкоски. Но, наместо да се гледаат само новинарските прилози кои се однесуваат на овој настан, по барање на одбраната вестите се гледаат во целост.
Меѓу обвинетите во овој случај е и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кој беше спроведен од истражниот затвор Скопје. Во судница како поддршка на Мијалков присуствуваат двајца негови телохранители.
В.В.