Две години условна казна за Моника Ристеска

by fokus

Во Кривичниот суд денеска се одржа судењето за активистката Моника Ристеска, која се гони за поседување на марихуана.

Судот и определи две години условна казна, која во рок од пет години не треба да се прекрши. Ристеска го призна делото и изрази каење за истото.

Со условна осуда на сторителот на кривично дело судот му ја утврдува казната и истовремено определува дека таа нема да се изврши ако осудениот за времето што ќе го определил судот, а кое не може да биде пократко од една ниту подолго од пет години (време за проверување) не стори ново кривично дело.

Поврзани новости