357
Премиерот Никола Груевски, како што најави во вчерашното обраќање до јавноста, денеска ќе ја депонира оставката кај претседателот на Собранието Трајко Вељановски со услов „сто дена пред избори“.
Груевски во својот говор порача дека целта е да се испочитува Договорот и да се надмине кризата во која се наоѓа државата и очекува изборите да се одржат во предвидениот рок, односно сто дена по неговото повлекување од функцијата.