Формирање на техничка влада како што бараше лидерот на СДСМ Зоран Заев е неприфатливо за нас, изјави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по средбата со претседателот на СДСМ Зоран Заев.
„Бевме блиску да договориме работни групи за одредени прашања ама неколку минути пред крајот на средбата Заев побара јавно да изјавам дека го поддржувам барањето за формирање техничка влада. Нормално, јас такво нешто не прифатив, бидејќи само што формиравме Влада која добро функционира“, рече Груевски.
Тој додаде дека настапот на Заев, неколку минуту пред завршувањето на средбата да побара Груевски јавно да поддржи формирање техничка влада, му личел дека некој да го советувал лидерот на СДСМ да постапи на тој начин.
Груевски одби да одговори на кого мисли кога вели дека некој го советувал Заев.
Премиерот воeдно рече дека во наредниов период ќе се знаат следните чекори околу политичкиот дијалог.