Груевски барал дополнително обезбедување од 20 телохранители

by fokus

Поранешниот премиер Никола Груевски бара од МВР најмалку 20 лични обезбедувачи, објави ТВ 24.

Според информаците на телевизијата, екс премиерот го поднел барањето на петти месецов, а во него навел дека добивал бројни закани во изминатиот временски период. Освен заканите, Груевски навел и дека во моментов, но и во иднина ќе има исклучително интензивен политички ангажман во својство на пратеник, па поради тоа бара министерот да му одобри најмалку 20 лични обезбедувачи.

 

Проценката за постоење ризик треба да ја направи УБК, а потоа министерот да одобри. Освен дилемата дали навистина постои опасност по животот на Груевски, се наметнува и прашањето, колку дополнителното обезбедување за него, би го чинело министерството за внатрешни работи.

Со законските измени од 2013, екс премиерот доби право на 6 обезбедувачи, возило и шофер, во период колку што бил на функцијата. Тоа би значело дека Никола Груевски и во наредните 10 години ќе го оптеретува буџетот на министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости