Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Алсат М на прашањето дали е подготвен да си поднесе оставка од челната позиција во партијата доколу партијата ги изгуби изборите, кусо одговори:
“Претседателот на партијата ја носи најголемата одоворност”.
Груевски после девет години беше гостин во политичка емисија на телевизија Алсат-М. Тој од новинарот доби критика дека не доаѓал на дебата во одредени медиуми и долги години ги игнорирал.
– Не сте биле девет години во Алсат телевизија, каде ќе ви се посветеа деликатни прашања. Нели игнорирањето на граѓаните значи нивно потценување – го праша Назим Рашиди лидерот на ДПМНЕ.
Груевски врати дека секогаш одговарал на сите новинарски прашања, но си призна дека не се појавувал во одредени медиуми.