ДУИ поддржува донесување закон за јавното обвинителство, но има и свои забелешки и конкретни предлози, изјави координаторот на пратеничката група на ДУИ Артан Груби. Тој нагласи дека имало многу конструктивна средба помеѓу парламентарните партии околу законот, на која, според него, сите ги дале нивните согледувања.
-Изразивме жалење за тоа што 10 амандмани што беа прифатени на седница на Комисијата за европски прашања по овој закон не се инкорпорирани во последниот нацрт-закон и се надеваме дека ќе бидат дел од него. Рековме дека би требало да се отслика и Законот за употреба на јазиците во рамки на Јавното обвинителство, а исто така да се намалат критериумите за да се запази правичната застапеност на заедниците во ЈО – изјави Груби.
Тој изрази надеж дека ќе се срочи консензуален текст, затоа што, како што вели, се работи за системски закон што би требало да ја има поддршката од сите.