Груби за оставките: Кога доаѓаш од народот, не постои начин да постапиш поинаку

by fokus

Вицепремиерот Артан Груби преку Фејсбук објава ги искоментира оставките на на заменик-министерот за здравство Илир Хасани и директорот на тетовската болница Фљорин Бесими.

-Кога доаѓаш од народот, не постои начин да постапиш поинаку.
И Илир и Флорин нема да престанат со нивниот придонес за граѓаните и општеството. Тие се со нас и блиску до граѓаните. Дури и вечерва ќе ги најдете на должност, помагајќи им на пациентите без оглед на нивната јавна функција, напиша Груби.

Дел од медиумите објавуваат дека е можно и Груби да си поднесе оставка, но засега тој се нема огласено. Не одговори на прашањето на „Фокус“ дали е точно дека и тој планира да поднесе оставка.

 

Поврзани новости