Вицепремиерот Артан Груби денеска им упати честитка до граѓаните по повод 24 мај – Денот на Свети Кирил и Методиј.
„Денес, кога го одбележуваме Денот на словенската писменост, се соочуваме со предизвици кои како држава мора да ги надминеме и да го откочиме патот кон европската иднина.
Азбуката, јазикот, културата и етничката припадност се вредности што не можат да се спорат со политички договори или спорови, како за луѓето воопшто но и за државата како целина, a за тоа најдобро сведочи историјата.
Нашата работа посветена на остварување на европскиот сон треба да биде ценета и наградена и да не биде заложник од архаични методи на блокирање, од пред два века.
Европа е континент на разновидност и почитување на разликите и Унијата мора да се консолидира како фактор на донесување одлуки и лидер во почитување и интеграција на континенталната целина и правото на самоопределување.
Денес, славиме заедно и ништо не го спречува оваа заедничко обележување, исто како што ништо не треба да го спречува отворањето на преговорите за членство во Европската Унија“, истакна Груби.