На предлог на Комитетот за преговори за изградба на Коридорот 8 и 10Д, со кој раководи првиот владин потпретседател, Артан Груби, македонската Влада го одобри договорот за изградба на Коридорот 8 и 10Д. Одобрувањето на договорот за изградба на Коридорот 8 и 10Д доаѓа по четиринеделните преговори кои се водеа меѓу консултантот за финансиски трансакции на Владата, ИРД и меѓународниот конзорциум Бехтел Енка.
„Денеска е голем ден во Управниот комитет и во Владата каде го разгледавме Извештајот на нашиот консултант за преговорите со конзорциумот Бехтел Енка за изградба на Коридорот 8 и 10-Д како и одобрување на содржината и потпишување на договорот” – истакна Груби.
Коридорот 8 е долг 68 километри, со автопат со шест ленти, од Тетово до Гостивар, Кичево, преку Струга до Ќафасан, додека Коридорот 10-Д од Прилеп до Битола е долг 40 километри и има шест ленти, во период од 3 години од почетокот на работите.