Мојот однос со претседателот Али Ахмети е како односот на сите вас кои сте убедени во неговиот животен пат, неговата правда, неговата визија, неговата национална вредност за сите Албанци, напиша на фејсбук првиот вицепремиер Артан Груби, од кого сопартијците групирани во таканаречената „Огнена група“ побараа повлекување.
„Искрената намера на мојата изјава беше да ја истакнам неоспорната вистина дека на Али Ахмети му е потребен народот, колку што му треба на народот Али Ахмети, но една несреќна мешаница на моите зборови погрешно ја претстави намерата, за што, ми е криво“, напиша Груби, дообјаснувајќи ја денешната изјава.
Тој во неговата објава наведе дека Ахмети ја земал моќта за дејствување од народот и го има народот зад себе во текот на целото негово политичко работење.
„Тој продолжува да биде непоколеблив визионер во исполнувањето на идеалите за напредок и интеграција. Тоа се докажа во сите прогресивни процеси низ кои мина државата, каде што Ахмети и луѓето зад него постигнаа слобода, еднаквост, обезбедија интеграција на земјата во НАТО и ги задржаа вистинските колосеци на евроинтеграциите. Неговата и наша единствена мисија е да им служиме на луѓето и да обезбедиме подобра иднина со тоа што ќе ви служиме на сите вас“, посочи Груби.