455
Артан Груби од ДУИ вечерва во гостување на телевизија 24 рече дека може да се изнајде достоинствено решение за спорот за името без да се менува македонскиот Устав и без решението да биде „ерга омнес“, односно да не биде за севкупна употреба.
Тој на ова дополни и дека со едно такво достоинствено решение македонскиот јазик ќе си остане македонски.
Груби рече дека ДУИ смета дека референдум не е потребен, но доколку се одлучи референдум сепак да има, ДУИ ќе направи се за тој да биде успешен.