504
Принципот на консензуалност ќе ни донесе гувернер на НБРСМ да биде Албанец, изјави пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во вечерашниот дебатен магазин “Click Plus” на ТВ 21.
-Како што Талат Џафери стана прв министер за одбрана, Агим Нухиу прв министер на МВР, народниот правопранител е Албанец, така ќе успееме да имаме и Гувернер – рече Груби.
Тој додаде дека во 2014 година Пендаровски бил партиски канидат на СДСМ, додека сега неговото кадидирање било концепт кој ќе го промовира ДУИ.
Во дебатата гостуваше и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој рече дека во 2014 година кога Пендаровски беше канидат за претседател, во вториот круг гласал за него.