Јадранка Костова добитник на наградата „Tраен белег во печатените медиуми“: За успехот на „Фокус“ е заслужен целиот тим

by fokus 22:53
22:53

Уредничката и директорка на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова е добитник на наградата „траен белег во печатените медиуми“, која ја доделува регионалното уредништво на магазинот „Story“. На вечерашното доделување на наградите Костова порача дека за успехот на неделникот е заслужен тимот на „Фокус“.

-Весникот „Фокус“ е вистинска ѕвездена приказна, неделник со најдолг стаж и со најголем тираж. Основан е 1995 година. Од трaгичната смрт на Никола Младенов престана да излегува и да се печати. Моја беше инициjативата, запнав кај сопругата на Никола Младенов, Билјана Младенова, да го продолжи ова дело. Тука завршува мојот удел, успехот и опастанокот на овој неделник е резултат на добриот тим. Се заблагодарувам на, ние како што ги нарекуваме, двете Билјани, сопругата и сестрата на основачот – рече Костова

- Advertisements -

Ова е второ издание на „Story awards Party’’ или „Ѕвездена ноќ“, во организација на „Колор медија плус“.

Меѓу добитниците на награди се телевизијата 1ТВ која ја доби наградата за телевизиски достигнувања. „Светот на Биби“ доби награда за најдобар едукативен проект за деца. Награда за најголем традиционален успех доби документарниот филм „Медена земја“. Јелена Јованова беше наградена за најдобра актерка, додека Васил Зафирчев за најдобар актер. Актерката Сабина Ајрула Тозија се закити со награда врвни актерски достигнувања

Награди беа доделени и за општествено одговорна компанија на „Пелистерка“ и „Витаминка“. Лила Филиповска доби награда за инфлуенсерка на социјалните мрежи, додеkа за најдобар забавен ТВ магазин награда доби „Ексклузив“ на 1ТВ.

За најдобро ток-шоу беше прогласено „Еден на еден“, а за Story ТВ лице на годината Сергеј Варошлија. „Вип на еден ден“ доби најграда за најдобар хуманитарен проект.

 

 

Поврзани новости