Со албанската платформа не се предвидува никаква федералицазија, кантонизација, ниту поделба на земјата, порача Артан Груби од ДУИ, повикувајќи ги македонските политички партии да не ја потпалуваат јавноста и да не предизвикаат на судири на етничка основа.
-Заедничката изјава на албанските политички партии во Македонија е изјава напишана во Скопје, од страна на албанските партии во Македонија и е изјава за една европска Македонија. Одделните точки од заедничката изјава на албанските политички партии извираат од нашите изборните програми, и на ниту еден начин не задираат врз унитарниот карактер на државата, не предвидуваат на никаков начин федерализација, ниту кантонизација, ниту пак поделба на земјата.
Ги повикувам македонските медиуми и политички партии, нивните меѓупартиски судири да не ги прават на етничка основа, а уште помалку користејќи одвоени делови од нашите изјави, ставајќи ги во хистеричен контекст на нивните концептуални судири бидејќи, прво, не е во полза на вистината, и второ е една опасна игра- напиша Груби на Фејсбук .