Иванов: Бидете спокојни, дури јас сум претседател!

by fokus

Слушам како ме обвинуваат дека со моите досегашни постапки сум ја злоупотребувал службената должност и дека сум можел да добијам кривична пријава. Ги охрабрувам иницијаторите тоа и да го направат, рече претседателот Ѓорге Иванов, во попладневното обраќање во кое објави дека нема да му го даде мандатот на Зоран Заев, лидерот на СДСМ кој во понеделникот достави 67 потписи.

„Оние кои деновиве ми се закануваат ги повикувам да покренат и прашање за моја одговорност во согласност со Уставот. И во оваа прилика јасно им кажувам – не постојат закани и уцени што ќе ме натераат да го прекршам Уставот“, рече Иванов нагласуваќи дека сè додека е тој претседател на Република Македонија, нема да даде мандат ниту на човек ниту на партија што се залага или во својата програма има платформа за рушење на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија.

„Длабоко верувам дека ова се темелни вредности со кои никој нема право да тргува. И не мислам да отстапам од нив. Сакам да ве уверам, вас граѓаните, дека можете да бидете спокојни“, порача Иванов.

Поврзани новости