Груби: Немаме друг пат, но нема ниту да станеме експеримент во 21 век

by fokus

Вицепремиерот Артан Груби вечерва му даде поддршка на премиерот Димитар Ковачевски за одбивањето на францускиот предлог за спорот со Бугарија.

Порача дека носењето одлуки во ЕУ мора да се смени, алудирајќи на правилото за консензус кога станува збор за проширувањето.

-Го споделувам и поддржувам ставот на премиерот Ковачевски во однос на билатералниот дијалог со Бугарија и евроинтегративниот процес.
Процесот на интеграција не смее да биде заложник на билатерални прашања и да се киднапира од менталитетот на деветнаесеттиот век.
Носењето на одлуки во Европската унија мора да претрпи длабоки реформи без одлагање.
Не се откажуваме затоа што немаме друг пат, но нема ниту да станеме експеримент во 21 век, напиша Груби.

Поврзани новости