753
Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби денеска изјави дека е правилна одлуката Рамиз Мерко повторно да биде кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга.
-Одлуката е правилна и донесена по големи неколкумесечни истражувања кои ги направивме во рамки на ДУИ. Направивме посебни анкети во сите градови, и тоа по 1.000 луѓе анкетирани во секој од овие градови. И ни покажуваат дека имињата кои ги претставивме вчера всушност се најподдржани од сите граѓани. Но, не само од една заедница, туку од сите заедници, вклучително и со примерот на Мерко – рече Груби.
Со овие кандидати, како што нагласи Груби, ќе бидеме апсолутни победници на локалните избори на 17 октомври оваа година.