491
На Македонија не и се потребни уште едни избори, истакна пратеникот од ДУИ, Артан Груби.
– Периодот што следи мора да се искористи за да се испорачаат резултати од ветените програмски концепти, а институциите да се насочат кон реформската агенда. Општествените капацитети уште поактивно да се посветат на мерките и активностите што се во насока на отстранување на сите забелешки и пречки за евроинтегративните процеси на Република Македонија – рече Груби.