Груби ќе го тужи Лефков за клевета

by Fokus

Артан Груби – првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците денеска од собраниска седница порача дека ќе го тужи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, поради, „клевета за изборот на надзорот за изградбата на коридорите 8 и 10Д“.

„Колегата Лефков е многу гласен, ја заменува гласноста со храброста, јас му упатив барање да се извини, вашата партија го прифати барањето, а тој кукавички избегнува. Поднесов веќе тужба да се видиме на суд за сето тоа што го клевети. Му недостига храброст да излезе од говорницата и да го клевети истото и ја користи говорницата на Собранието затоа што знае дека ќе се соочи со правни последици за тоа што го зборува“ – рече Груби.

Груби се надева дека од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат конструктивни и ќе дадат придонес да го поддржат проектот.

„Се надевам дека новите ветришта кои дуваат во ВМРО ДПМНЕ се конструктивни и ќе успееме заеднички да ја заокружиме приказната на европска Северна Македонија. Многу сум радосен за позитивната атмосфера која владее во нивната партија“ – рече тој.

Лефков претходно го обвини Груби за местење на тендерот за коридорите и го праша премиерот Ковачевски „дали сметате дека треба веднаш да се отвори истрага за надзорот вреден 22 милиони евра затоа што условите под кои што се тендерирани се менувани во сред постапка и за фирма загубар за да може да го добие тендерот“.

 

Поврзани новости