Артан Груби од ДУИ го оправдува блокирањето на парламентот од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека такво нешто правеле и ДУИ, но и СДСМ.
Ова тој го изјави во емисијата „200“, а што се однесува до пораките на Туск и на високите претставници на Брисел за кризата, Груби рече дека блокирањето на Собранието може да трае и до четири години.
-Имавме многу пораки од Брисел упатени особено до Иванов и до ВМРО-ДПМНЕ за да се деблокира ситуацијата, за да не се држат во заложништво граѓаните, но и економскиот развој и мирот во земјата. Но, тие се оглушуваат на апелите, бидејќи ситуацијата која е во Собрание изгледа ќе трае долго и не само 2-3 недели како што мислевме на почетокот, туку според однесувањето на пратениците на ВМРО ДПМНЕ, ова може да трае и неколку години. Ова пракса ја користеа и СДСМ и ДУИ. Ви текнува кога г.Талат Џафери го блокираше законот за бранителите со недели?”, рече Груби.