705
Ние се распушивме и го вративме мандатот кај граѓаните, веќе немаме моќ да одлучуваме во наши раце, рече пратеникот на ДУИ Артан Груби на 24 вести.
-Лидерите се сретнаа и им кажаа на пратениците да се самораспуштат и тоа го направија сите пратеници, меѓу кои и 35-те потпишани на иницијативата за свикување на собранието – рече Груби.
Тој посочува дека за било каква значајна одлука за државата треба да се координираат партиските лидери.
-Значајни одлуки не смее да се носат еднострано – рече Груби, додавајќи дека ДУИ моментално фокусирана е на борбата со Ковид 19, а не на изборите.