Мицевски: Власта сака преку собранието да ги покрие незаконските уредби

by Фокус

Изборниот законик предвидува пратениците да земаат плата до избор на нови пратеници, но еднаш распуштено собрание, според Уставот, веќе не може да се свика, посебно не со потписи на 35 пратеници, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на 24 вести.

Според него, целта на свикувањето на распуштеното собрание е да се покрие незаконско постапувањето на претседателот Стево Пендаровски, кој двапати едно по друго распиша вонредна состојба.

Воедно, додава тој, СДСМ сака да го свика парламентот за се покријат и некои спорни уредби со законска сила, кои, како што вели, немаат допирна точка со вонредната состојба.

-Таков е случајот со уредбата за минерални суровини, за акцизите, но и за да им се исплатат заостанати плати на вработени на СЈО – истакна Мицевски од ДПМНЕ.

Поврзани новости