Груби: ДУИ не се залага за кантонизација и поделба, туку за унитарна Македонија

by fokus

ДУИ не се залага за кантонизација, за бинационалност или поделба на државата, рече денеска Артан Груби од собраниската говорница.

-Политичката декларација е направена во Скопје и таа е за европска Македонија за сите граѓани. Сите точки од декларацијата се од програмите на партиите на Албанците и таа на ниеден начин не задира во унитарноста на државата, рече пратеникот Груби.

Тој потсети дека дебатата за државните симболи ја отворија македонските партии во 2014-та година, прво во Владата, а потоа и во Собранието.

 

Поврзани новости