Груби до пратениците: Не се кријте зад народот и не мислите на следните избори

by Фокус

Предизвикајте го голиот популизам и незнаењето и застанете на правилната и прогресивната страна, повика пратеникот од ДУИ Артан Груби на собраниската седница за уставни измени.

-Вие треба да го водите, а не да се криете зад народот. Не мислете на следните избори. Бидете протагонисти, а не статисти – им порача тој на пратениците.

Според него, постојат два пата од сегашната ситуација, од кои, истакна Груби, едниот е патот на иднината, интеграцијата, напредокот, мирот, храброста, а другиот е патот на изолацијата и стравот.

Поврзани новости