Шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ Артан Груби на Фејсбук напиша дека оваа криза мора да заврши веднаш.
„Целото општество е исцрпено од недостатокот на нормалноста, стабилност, безбедност, мир, недостатокот на можности за развој на бизнис, можност за отворање нови работни места и економски развој, но исто така и од можноста за секојдневни судири и насилство.
На крајот на краиштата и во секој случај, оваа криза мора да заврши со одржувањето на слободни, демократски и веродостојни, каде што граѓаните ќе имаат можност да се процени и да се одреди иднината на земјата.
Иванов треба веднаш да најде начин за итно повлекување на одлуката што непотребно ја комплицираше ситуацијата понатаму и предизвика бран на протести“, напиша Груби.
Тој потенцира и деека Државната изборна комисија како независна и составена од страна на експерти, треба да работи на чистење на избирачкиот список, без да биде под влијание на политички партии и да ги покани граѓаните да помогнат во овој процес по јавен регистар на избирачи.
„Секое заплашување на гласачите треба да се санкционира веднаш и граѓаните, како и јавната администрација и државните институции веднаш јавно да го осудат секој таков обид.