Првиот вицепремиер Артан Груби вели дека структури на ВМРО-ДПМНЕ кои не се задоволни од актуелното раководство на чело со Христијан Мицкоски побарале амнестија за поранешниот премиер Никола Груевски.
-Претседателот на државата Пендаровски на еден од претходните состаноци, на кои што ги разгледувавме сите можности за да го продолжиме интеграцискиот пат на нашата земја, како и успешната реализација на Уставните измени, ни напомена, не информираше дека високи експоменти од раководството на ВМРО-ДПМНЕ му имаат испратено пораки и барања, да ја разгледа можноста да го амнестира бившиот премиер Никола Груевски, на што Пендаровски не извести дека нема никаква намера тоа да го направи и дека ги одбил сите тие иницијативи и барања. Но, симптоматично е тоа што овие барања доаѓаат од крила или елементи во рамките на ВМРО-ДПМНЕ кои што не се задоволни од актуелното раководство – рече Груби за Зум.