Грците во Македонија формираа свое здружение

by Фокус

Грците кои живеат и работат во Македонија, денеска  се собраа во хотелот „Александар палас“ за да го означат формирањето на непрофитното, неполитичко и граѓанско здружение „Заедница на Грци обединети за подобра иднина“. На формирањето присуствуваше и грчкиот амбасадор  Теохарис Лалакос, кој нагласи и дека во Македонија има многу мешани бракови, а ова е прв пат Грците да се организираат во здружение.

Целта на ова здружение е преку културни, образовни и општествени иницијативи, помогнати и од грчките компании тука, да се зацврстат односите меѓу граѓаните на двете земји.

-Ќе се обидеме да ги најдеме сите поврзувачки елементи и да ја зацврстиме културната соработка. Се надеваме дека иницијативата ќе наиде на заинтересираност и на поддршка и на македонска страна, рече претседателот на здружението, Николаос Фрагопулос, долгогодишен дописник на агенцијата „АНА“.

Поврзани новости