847
Грчкиот премиер Антонис Самарс денеска изјави дека археолозите во северна Грција се пред откривање на многу важна гробница. Тој ова го кажал при посетата на археолошкото наоѓалиште Амфиполис.
Весникот „Екатимерини“ шпекулира оти можеби станува збор за местото каде се погребани Александар Македонски, неговата жена Роксана или пак нивниот син Александар IV.
Како што пренесува весникот, археолозите ископувале две години на локалниот рид Каста и откриле уникатна гробница која датира од последната четвртина на 4. век пред нашата ера. Античкиот град Амфиполис бил формиран како атинска колонија во 437 година П.Н.Е, а Филип Втори го освоил по речиси еден век. Овој археолошки сајт е познат по четириметарскиот споменик Лавот од Амфиполис.