Собранието демантира дека на Ушковски му е продолжен мандатот

by Фокус 19:20
19:20

Собранието денеска испрати соопштение во кое објаснува дека мандатот на претседателот на Судскиот совет, Бранко Ушковски, истекува на 21. месецов, а со тоа и функцијата. Од Собранието демантираат дека со распуштање на Парламентот, практично на Ушковски му е продолжен мандатот за 4 месеци.

-Во врска со написите околу претседателот на Судскиот Совет господин Бранко Ушковски, сакаме да известиме дека на ден 21 април 2010 година Собранието на Република Македонија го избра господин Бранко Ушковски за член на Судскиот Совет со мандат од шест години. Да потсетиме дека Судскиот Совет од своите членови потоа самостојно го бира претседателот на Советот. Врз основа на  Законот за Судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 60/2006 и 69/2006), на господин Бранко Ушковски на ден 21 април 2016 година му завршува мандатот а со тоа и функцијата во Судскиот Совет на Република Македонија, се вели во соопштението.

- Advertisements -

Поврзани новости