467
Грчкото министерство за надворешни работи соопшти дека шефот на Канцеларијата за врски во Скопје испратил протестна нота до македонските власти во која остро ја осудува интервенцијата со солзавец и гумени куршуми кои македонските власти ги употребија против толпата мигранти кои се обидоа да ја преминат границата.
-Широката употреба на солзавец, димни бомби, па дури и гумени куршуми, без разлика дали се користат за жени и мажи, со часови е ужасна пракса и е неверојатно опасна. Истовремено, ги повикуваме бегалците да не веруваат во лагите и да сфатат дека границите се затворени, изјави и Јоргос Кирицис, портпарол за емиграција во Владата на Грција.