Грција со 400 милиони евра ќе го покрива покачувањето на струјата

by Fokus

За месец јануари ќе се издвојат дополнителни 400 милиони евра со кои ќе се покрие значителен дел од поскапувањата на сметките за струја, соопшти денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, најавувајќи владина помош и за овој месец како за домаќинствата и земјоделците, така и за бизнисите во справувањето со енергетската криза, јави дописничката на МИА од Атина.

-Станува збор за храбар, но во исто време и реален план за поддршка, што помага на сегашноста, но не ја загрозува иднината. Акцентот, очигледно е на олеснувањето на домаќинствата. Но, исто така, им помагаме и на бизнисите да останат на вистинскиот пат на раст, задржувајќи ги работните места. И, главно, за да не се зголемат трошоците за производство и тоа да се префрли на цените на производите, истакна Мицотакис.

Дополнително, најави дека ќе се воведе и нова програма за заштеда на енергија, ќе се субвенционира замената на старите електрични уреди, кои потоа ќе се рециклираат и додаде дека целта е „сите грчки домови да функционираат со модерна и поекономична електрична опрема”

 

Поврзани новости