Скопјани со ладни радијатори за Божик, од БЕГ велат дека системот работи во оптимизиран режим

by Fokus

Откако над 500-тини домови од Скопје Север и Топанско Поле, деновиве останаа без парно во сред зима, денеска скопјани и од други делови на градот реагираат дека се без парно греење или истото е многу слабо.

Жителите се револтирани и велат редовно си ги плаќаат фактурите, а токму на Божик кога сите се дома, останале без парно греење.

Од операторот со мрежата за парно-греење БЕГ велат дека системот работи во оптимизиран режим кој треба да ги одржува домовите на граѓаните со приклучоци за топловодна енергија до 20 степени во нивната внатрешност.

-Системот за централно греење е целосно во функција и се испорацува топлинска енергија до потрошувачите Во услови на енергетска криза системот работи во оптимизиран резим се со цел внатрешната температура во домовите да се одржува на 20 степени, информираат од БЕГ.

Од таму додаваат доколку некои објекти се соочуваат со локален проблем, дека треба да пријават во Центарот за грижа на потрошувачи.

Инаку, регулаторна соопшти дека парното од овој месец поскапува за 14%.

Поврзани новости