Грција продава острови, некои имаат и попуст

by Fokus

Неколку мали острови во Егејското Море се нудат на продажба преку грчки страници за недвижнини.

Овие острови припаѓаат на групата острови Киклади и се близу до познатите острови Фолегандрос, Сикинос, Аморгос, Куфонизи и Сирос, објавија грчките медиуми.

Најевтиниот може да се купи за 4,9 милиони евра, додека најскапиот, со површина од 1,1 илјади квадратни метри, се нуди за 12 милиони евра. На еден од островите цената му е намалена од седум на 4,9 милиони евра.

Некои немаат плажи, но новиот сопственик има можност да ги направи во одредени делови на островот, се вели во рекламата. На една од нив се рекламира дури и пештера со „прекрасни сталактити“.

Некои од огласите за деветте острови понудени на продажба се појавија во мај и јуни годинава, а други се постари. Меѓу нив е група од три острови по цена од шест милиони евра.

Локалниот сајт за информации Cyclades24 забележува дека „она што импресионира е дека рекламите биле објавени на веб-страница со добра репутација, и тие биле рекламирани од добро познати агенции за недвижнини“.

Додадено е дека ова се омилените туристички острови во таа област.

Поврзани новости