487
Грчката влада преку комисија го следи спроведувањето на Договорот од Преспа, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, во интервјуто за грчкото радио „Параполитика”.
– Постои една комисија која што е за книгите, а од друга страна постои една комисија што во име на грчката влада го следи проведувањето на овој договор – рече Варвициотис.
Според него, Договорот од Преспа не одговори на националните стандарди на грчката страна и затоа, истакна тој, сега се справуваат со последиците.