436
Грција од 4 мај ќе почне да ги олеснува рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, најави премиерот Кирјакос Мицотакис.
Прво ќе бидат отворени продавниците, фризерски и козметички салони.
-Отворањето на берберници и фризерски салони се сфаќа како неопходен психолошки поттик откако земјата помина во карантин речиси два месеца. На луѓето не може само да им се наредува, на нив им треба и психолошка поддршка“, изјавија од владата.
Во земјата досега има 2.490 потврдени случаи на корона вирус, од кои 130 се починати.