Грција немоќна против Македонија во Струмица

by Fokus

Машката ракометна селекција на Македонија ја оправда фавортиската улога против Грција и славеше победа со 27-23 , натпреварот беше одигран во Струмица.

Македонија имаше проблеми во првиот дел во кој противникот имаше водство се до финишот кога успеавме да го свртиме резултатот во своја корист и првиот дел да го реализираме со 13-11.

Најефикасни во нашиот состав беа Кире Лазаров , Талески и Пешевски со по пет погодоци, голманот Митревски натпреварот го заврши со 11 одбрани. Кај поразената селекција, голманот Буковинас имаше 14 одбрани.

Поврзани новости