Грција најавува отворање на летната сезона во јули со посебни здравствени протоколи

by Фокус

Ако се биде во ред и епидемиолошките податоци се стабилни, на 1 јули со отворање на сезонските хотели ќе се отвори и туризмот за странци во Грција, порача државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервју за грчкото радо „Алфа 989“.

-На 18 мај, ако се биде во ред и ако имаме израмнување на кривата, односно епидемиолошките податоци што ќе се оценат тогаш, на 1 јули ќе отвориме за туризмот од странство, односно ќе се отворат сезонските хотели – рече државниот министер на Грција.

Герапетритис објасни дека периодот меѓу 15 и 20 мај ќе биде клучен, бидејќи тогаш, како што рече, се очекува резултатот од постепеното олабавување на рестриктивните мерки.

– На 15 мај ќе имаме целосен план за туризмот, што ги вклучува, прво, сите здравствени протоколи кон кои ќе треба да се придржуваат оние кои доаѓаат на туристички дестинации, второ, зајакнување на здравствените структури, онаму каде што е потребно и трето, протоколите што треба да постојат доколку се појави случај на ковид-19 – објасни тој.

Поврзани новости