792
Грција ќе започне да дели бесплатни домашни тестови за коронавирусот следниот месец, соопшти Владата, со што се обидува да го „олабави“ здравствениот систем оптоварен со голем број случаи на инфекција со вирусот.
Секој што има број на социјално осигурување ќе има право на четири тестови месечно, а истиот ќе се дели во аптеките.
„Тоа е нова алатка во борбата на државата против пандемијата. Овие тестови ќе овозможат подобар епидемиолошки преглед и, се разбира, превенција“, изјавија од грчката влада.
Од таму истакнале дека домашните тестови покажале точност помеѓу 95 и 99 проценти.
Луѓето кои ќе добијат позитивен резултат ќе бидат упатени како да пријават кај здравствените власти за следење на контактите.