Грција годинава „удри клоца“ на над четири илјади албански граѓани

by fokus

Грчките власти во текот на месец јули,поради нелегален престој во земјата, протерала 841 странски државјанин,од нив 377 албански.

Полициската статистика потврдува дека во изминатите седум месеци од годинава,пак, протерани се вкупно 7.959 странски државјани од нив 4.267 албански.

Остантите странски државјани се од Ирак, Пакистан, Грузија, Бангладеш,Турција, Алжир и Иран.

Што се однесува до албанските државјани, гледано одделено по месеци, во јануари биле протерани 628, во февруари 648,во март 668, април 745,во мај 738, јуни 463 и во јули 377 албански државјани.

Инаку, во Грција живеат над 500 илјади албански граѓани,кои во најголем дел се со регулиран престој. Повеќето заминаа веднаш по падот на тоталитарниот режим во Албанија во деведесеттите години од минатиот век.

Поврзани новости