Грција го олесни влезот во државата

by fokus

Министерството за здравство на Грција објави дека ги олеснува правилата за влез во земјата за државјаните од земјите од зелената листа.

Заменик-министерот за цивилна заштита, Никос Хардаљас, објави дека за нив ќе биде дозволен влез со брз тест за ковид наместо со ПЦР, а за децата под 12 години нема да биде потребен тест.

За оние од портокаловата и од црвената листа, правилата остануваат непроменети, односно задолжителен е тест за сите со наполнети шест години.

-За земјите од портокаловата листа, дозволен е влез на лица кои се вакцинирани со вакцините признати од нашата земја или со направен ПЦР тест 72 часа пред нивното заминување. Исклучени од оваа одредба се граѓаните од земјите кои се наоѓаат на црвената листа и за кои продолжува да важи одредбата за карантин од седум дена – рече Хардаљас.

Инаку, амбасадорите на ЕУ вчера се согласија дека за Северна Македонија, Албанија и Србија треба да се укинат рестрикциите за несуштински патувања, а одлуката треба да биде официјализирана во следните денови.

Поврзани новости