Пленковиќ побара Македонија и Бугарија да го решат спорот

by fokus

Хрватска направи многу за деблокирање на преговарачкиот процес со Северна Македонија и Албанија и сака да се решат преостанатите прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија за да дочекаме датум на преговори со двете земји, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

-Денеска реков дека сакаме да се решат сите преостанати прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија и дека треба да го поздравиме тој момент, датумот на отворање на преговорите – рече Пленковиќ.

Тој оваа изјава ја даде на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Анталија, на кој беше усвоен документ за перспективата на развојот на целата област на Југоисточна Европа до 2030 година, кој ги следи глобалните и европските предизвици.

Поврзани новости