Грција до Рот: Воздржи се од лекции по историја

by fokus

Грчкото Министерство за надворешни работи го повика државниот министер на германското МНР за Европа, Михајл Рот, „да се воздржи од лекции по историја“ кога ги посетува балканските земји.

„Го повикуваме германскиот заменик-министер за надворешни работи, Михајл Рот, да биде повнимателен кога ги посетува балканските земји, да избегнува да се обидува да дава лекции по историја и да го покаже потребното почитување за чувствителноста на неговите европски партнери“, стои во соопштение на грчкото МНР.

Реакцијата на грчкото МНР се однесува на изјавата на Рот за време на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров, во која рече дека „никој надвор од Македонија и Грција не го сфаќа спорот, кој е сосема апсурден“.

„Мислам дека треба да оставиме историјата да си остане историја и да одиме кон заедничка иднина, рече вчера Рот во Скопје“, што предизвика реакција од страна на официјална Атина.

Поврзани новости