ДС: ВМРО-ДПМНЕ го блокира процесот за промена на Зврлевски

by fokus

Злоупотребувајќи ги деловничките можности, ВМРО ДПМНЕ го блокира процесот на промена на јавниот обвинител, а уште посилни ќе бидат опструкциите при реформите (системски и кадровски) во судскиот систем, кој целосно е колабиран и некредибилен да води „војна“ против носителите на тешки облици на институционален и организиран криминал, велат од Демократскиот сојуз.

Партијата, исто така, оценува дека системските промени мора да се одвиваат со продлабочени анализи, споредбени искуства и вклучување на интелектуални и стручни капацитети, како и користење надворешни експерти.

„Сосема се разбирливи коментарите и реакциите од голем број граѓани кои очекуваат брзи и системски и кадровски промени, но Владата на Република Македонија треба да се држи до српската поговорка „брзај полека“ бидејќи промените мора да поминат низ филтерот на експертската и пошироката демократска јавност“, соопшти ДС.

Почнатите реформи во финансиите, се вели во соопштението, најавата за зголемување на минималната плата, укинувањето на радиодифузната такса и сл., се добар почеток, но најголемиот отпор се очекува при реформите на судскиот систем кој е целосно под контрола на претходната власт.

Поврзани новости