63-годишен имигрант од Албанија во Грција бил убиен од член на екстремната десничарска партија „Златна Зора“ поради кавга за името Македонија во кафеана. Убиството се случило на 25-ти ноември кога Албанецот Петрит Зифле се вмешал во дискусијата на соседната маса во кафеаната.
Според грчките медиумите зад убиството стои 44-годишен локален жител. За време на дебатата тој и албанскиот државјанин влегле во расправија откако биле искажани навреди кон малцинствата во Грција. Двајцата биле разделени, а жртвата била „испратена“ од локалот со пцости и закани.
Подоцна симпатизерот на Златна зора му направил заседа на Зифле, го убил со ловџиска пушка и телото го фрлил во ендек покрај локалниот пат меѓу Драготина и Спартера, три километри од Лефкими. Трупот следното утро од локален жител што поминувал со автомобил. Убиството е расчистено за пет дена, а убиецот го признал делото и е приведен.