Грозданова за оние кои се вакцинирале со АстраЗенека: Ако почувствуваат силни главоболки или отекување на вените да се јават на лекар

by fokus

Претседателката на Комитетот за имунизација, Александра Грозданова во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека нема простор за паника поради вакцината на АстраЗенека и дека бројот на несакани реакции е минимален.

-Воопшто нема простор за паника. Мислам дека за потврда за директна поврзаност меѓу примањето на вакцината  и згрутчување на крвта на девојката која се вакцинирала во Србија ќе ја почекаме одлуката на комисијата за безбедност при МАЛМЕД која денеска заседаваше. Бројот на овие несакани реакции е навистина минимален. Граѓаните кои се вакцинираа во Србија, нема потреба за паника. Но, доколку чуствувтаат силни главоболки, краток здив или отекувување на вените, во тој случај да се јават на лекарот. Постои соодветна терапија која доколку се даде навремено нема да има никакви проблеми, рече Грозданова.

Поврзани новости