Грозданова: Ниеден од 633 вакцинирани со АстраЗенека не пријавил несакани реакции

by Фокус

Заклучно со 31 март во нашата земја со „Астра Зенека“ се вакцинирале 663 граѓани постари од 77 години и досега ниту еден од нив не пријавил несакани реакции по вакцинацијата, рече Александра Грозданова од Националната техничка група за ковид-19 вакцинација на 360 степени.

-Верувам дека на вака релативно голема бројка од 663 вакцинирани граѓани, доколку постоеше несакана реакција досега ќе се пријавеше – посочи Грозданова.

Таа истакнува дека неспоредливи се компликациите од заболување со ковид во однос на реакциите од вакцината.

-Заболувањето од ковид со сите можни компликации кои ги гледаме подолго време кај пациентите и не само акутната состојба, туку и хроничните состојби се неспоредливи, во однос на малите бројки на несакани реакции кои се појавуваат по вакцината – изјави Грозданова.

Поврзани новости