Грозданов го демантира Рашковски

by fokus

Од Кабинетот на Генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор ја демантираат прес конференцијата на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

„Ја осудуваме несреќно дадената изјава на Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, укажувајќи дека изнесените факти во врска со подготовките за одржувањето на Суперкупот 2017 на Арената „Филип Втори“ се тотално неточни и невистинити.

Драги Рашковски да престане да се однесува како опозиционер, да седне и да почне конечно да работи за добро на граѓаните. Господине Рашковски, од Вас е побарано само да ставите точка на дневен ред на Седница на Влада, со што само ќе се донесе ОДЛУКА со која средствата со кои располага Акционерското друштво, а се наоѓаат на ненаменските сметки, ќе бидат искористени за подготовки за Суперкупот и со тоа сте ја завршиле Вашата работа.

Не губете време во разговори со фирми и држење на прес конференции со кои несвесно или свесно нанесувате неповратна штета на угледот на Акционерското друштво и на Република Македонија“, се вели во демантот од кабинетот на генералниот директор Цветко Грозданов.

Рашковски денеска обвини дека фирмата „Атриум“ од Вевчани, во сопственост на братот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, склучила договор за варосување на помошни простории во „Телеком арената“ за 10 евра од квадрат, пред одржувањето на Супер Купот во Скопје.

Според него, има многу недостатоци и пропуштени рокови во реконструирањето на Градскиот стадион во пресрет на одржувањето на Суперкупот.

Поврзани новости