Американски воени конвои следниот месец во Македонија

by fokus

Конвои од 100 возила и инжинерска опрема следниот месец, на 26 јули ќе влезат во Македонија.

Два дена подоцна на Криволак ќе започне заедничка обука на македонската и американската војска како дел од вежбата „Dragoon Ride 17“.

Од АРМ соопштија дека транспортот и транзитот ќе се изведе со пет конвои од по 20 инжинериски возила со опрема и персонал.

Владата во четвртокот донесе одлука да дозволи „мирољубив влез на вооружени сили од САД, за вежбовни активности на Криволак“.

Според најавите се работи за воена вежба која во Македонија за прв пат се организира. Вежбата е во рамките на аспирациите на земјата за влез во НАТО, како и сигнал за подготвеноста на армијата.

Според информациите од АРМ, заедничката вежба на армијата и Армијата на САД во Европа е резултат на меѓусебната воена соработка, претходно договорена на меѓусебните средби на генерал потполковник Методија Величковски и командантот на Армијата на САД во Европа Фредерик Бен Хоџис.

Вежбата „Dragoon Ride“ ќе се реализира во периодот од 26 јули до 8 август на Криволак.

На вежбата ќе учествуваат деведесетина припадници на АРМ и околу триста припадници на Армијата на САД во Европа.

Поврзани новости